Одбери Либерализам, одбери слобода.











Вести

 ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА ЛУМ: Раде Гавриловски нов претседател на младите либерали


Вечерва во Скопје се одржа Осмото Генерално собрание на Либералната унија на млади на Македонија (ЛУМ), кое избра ново раководство на ЛУМ, а за претседател на Либералната унија на млади на Македонија едногласно го избра Раде Гавриловски, студент по економија од Скопје.

Генералното собрание ја донесе и Програмата за работа на подмладокот на ЛП, која ги проектира активностите на ЛУМ во следниот едногодишен период, а во име на ЛП, Генералното собрание го поздрави претседателот на Либералната партија.

 

ЛИБЕРАЛНА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНИЈА.

Либерална унија на млади на Македонија.
05.10.2013
..............................................................................................................................на почеток

КОНКУРС ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА КРЕИРАЊЕ МЛАДИНСКИ ПОЛИТИКИ, 4-6 МАЈ, ПОРЕЧ, ХРВАТСКА

 

КОНКУРС
за учество на обука за креирање младински политики и позицијата на политичките подмладоци во Пореч, Хрватска од 4 до 6 мај 2012
Извршниот комитет на ЛП распишува Конкурс за учество на обука за креирање младински политики и позицијата на политичките подмладоци во Пореч, Хрватска, од 4 до 6 мај 2012.
Трошоците за пат и сместување се покриени од организаторот.
Право на учество на конкурсот имаат членовите на ЛП на возраст од 18 до 25 години и членовите на Либералната унија на млади на Македонија (ЛУМ) и солидно го познаваат англискиот јазик.
Конкурсот трае од 7 март 2012 до 17 март 2012.
Со Апликацијата за овој Конкурс, заинтересираните кандидати треба да поднесат:
- Биографија на македонски и англиски јазик и
- Мотивационо писмо до 150 збора.
Кандидатите да ги достават потребните податоци во електронска форма преку е-пошта на: info@lp.org.mk или на ilievski@lp.org.mk.
ЛП ќе ги извести избраните кандидати најдоцна до 21 март 2012.
ЛП: 0903-123/2, 6 март 2012 

ЛИБЕРАЛНА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНИЈА
Претседател,
Ивон Величковски, с.р.

Либерална унија на млади на Македонија.
07.03.2012
..............................................................................................................................на почеток

СЕМИНАР: “РОДОВАТА ПЕРСПЕКТИВА ВО ПАРТИСКИТЕ ПОЛИТИКИ” 25 – 27.11.2011 / СТРУГА

На покана на невладината организација: АНТИКО – женска цивилна иницијатива, членови на Либерална унија на млади на Македонија учествуваа на семинарот посветен на темата на родовата перспектива во партиските структури. Предавањето го водеше тимот на АНТИКО, а главен обучувач беше Весна Јовановска.
               
Во текот на трите дена на обуката беше дискутирано за:

  • Социјално потекло на родовите односи;
  • Норми, вредности, стереотипи;
  • Дискриминација, поим и видови;
  • Правна рамка и клучни документи за родова еднаквост, механизми за родова еднаквост;
  • Позитивни мерки за поголемо учество на жените во политичките партии.

Обуката беше сочинета од предавања, групни дискусии, интерактивни игри и вежби. На тој начин секој учесник имаше можност да научи нешто повеќе за родовите и нивното учество во политичките партии, како и меѓусебно запознавање и дружење со членови на други политички подмладоци.




Либерална унија на млади на Македонија.
29.11.2011
..............................................................................................................................на почеток

Либерална унија на млади на Македонија (ЛУМ) во посета на годишниот конгрес
на D66 во Хаг, Холандија, 04-07 Ноември 2011

На покана на партијата Д66 и младите демократи (младинската организација), членот на Ивршниот совет на ЛУМ Велибор Николовски присувствуваше на годишниот конгрес на партијата одржан на 05/11/2011. Слоганот на конгресот беше: “владеење на правото. Посетата беше одбележана со учество на Тркалезна маса на тема: владеење на правото и проширување на ЕУ, Fringe meeting на тема: владеење на правото и проширување на ЕУ / перспективите на регионот презентирани од младите либерали од Југоисточна Европа, посета на Delft City, палатата на мирот, Холандскиот Парламент.

Либерална унија на млади на Македонија.
07.11.2011
..............................................................................................................................на почеток

ХАКИРАНА ВЕБ СТРАНАТА НА ЛИБЕРАЛНА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНИЈА

 Ве информираме дека веб страната на Либералната партија на Македонија www.lp.org.mk нема да биде достапна во наредниве неколку дена поради извршен Хакерски напад. За среќа хакерскиот напад беше од етичка природа и не е направена штета туку само е оставена порака.

Прочитајте!
Поздрав до администраторот на страната, ќе ве замолам да си ги поправите грешките кои ѓи имате низ страната. Дупката во системот ја открив по пат на SQL Injecting. Дупката е на следниот линк: http://lp.org.mk/vestnovo.php?idvesti=810. Не направив никаква штета на страната, оваа е чисто информативно. Ќе ве замолам уште еден пат да го поправите во најкраток можен рок. Contact: PCTutorialKing@gmail.com ~ Braco

Либерална унија на млади на Македонија.
07.10.2011
..............................................................................................................................на почеток

НА РАСПОЛАГАЊЕ СУМ ЗА СУГЕСТИИТЕ НА МЛАДИНСКИТЕ НЕВЛАДИНИ ДВИЖЕЊА

 Не може да зборуваме за јавна расправа по закон што треба да се менува во повеќе од половината негови содржини - дециден е Ивон Величковски, пратеник и претседател на ЛП во изјавата за медиумите по одлуката на парламентарното мнозинство да го пушти во натамошна постапка Предлог-законот за младите. 

Со минувањето на првата фаза, владиното мнозинство турка закон што екстремно го регулира младинското организирање и младинската популација, а тоа е основа за политизација на младинските организации, истакна Величковски во образложението на неговото гласање против Предлог-законот за младите. 


- Низ невладиното формирање на организации на ниво на Европска унија на Македонија на располагање и се 885 милиони евра заедно со другите земји во ЕУ и другите земји кандидатки. На ваков начин формирајќи државна супра институција на младинското организирање, Македонија не се квалификува да користи такви фондови. Напротив, сметам дека законодавецот во Македонија ќе беше многу покоректен доколку создадеше услови за поддршка за формирање на еден Младински совет во кој што би биле вклучени сите младински организации - пренесува телевизијата Канал 5. (http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=79559&tip=video) 

Либерална унија на млади на Македонија.
01.09.2011
..............................................................................................................................на почеток

ВЛАДАТА НИ ПРЕДЛАГА ЗАКОН ЗА БИРОКРАТИЗАЦИЈА НА МЛАДИТЕ

Законот за младите е спротивен со бројни европски документи донесени од органите и телата на ЕУ, а особено со Белата книга за младите и Младинската стратегија на ЕУ, како и програмата „Младите во акција“ 2007-2013

Владата ни предлага Закон за бирократизација на младите, а не Закон за младите. Со него се предвидува екстремна регулација спротивно на европските практики, кои подразбираат интеракција на институциите со невладиниот младински сектор... Предлогот за воведување Државен совет за млади како чадор-организација што се содржи во понуденото законско решение всушност повторно го воведува „Сојузот на социјалистичката младина на Македонија“, но овој пат како државна институција... Ако Државниот совет за млади треба да предлага и спроведува Национална младинска стратегија, што останува да биде улогата и задачата на Агенцијата за млади и спорт?

Либерална унија на млади на Македонија.
18.08.2011
..............................................................................................................................на почеток

ОДРЖАНА ТРЕТА СЕДНИЦА НА ИЗВРШНИОТ СОВЕТ НА ЛУМ

Денес, 26.06.2011, се одржа третата седница на Извршниот совет на Либералната унија на млади на Македонија.
Извршниот совет на Либералната унија на млади на Македонија (ЛУМ) го разгледа Нацрт - извештајот кој го опфаќа периодот од 7-мото Генерално собрание до парламентарните избори 2011 година и истиот беше едногласно усвоен. Во извештајот се констатира дека ЛУМ успешно одговори на барањата на ЛП во предизборните активности и во време на изборната кампања. Констатирано е зголемување на бројот на членови на ЛУМ.
Либерална унија на млади на Македонија.
26.06.2011
..............................................................................................................................на почеток

ИВОН ВЕЛИЧКОВСКИ НОВ ПРАТЕНИК НА ЛИБЕРАЛНАТА ПАРТИЈА

На изборите на 5 јуни претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија. По овие парламентарни избориЛП е единствената партија на левиот центар застапена во Собранието на РМ.

Величковски беше избран во Изборната единица 1 на листата на коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.


БИОГРАФИЈА

Роден во Скопје 1976 година. По струка е Дипломиран политиколог. Професионална кариера: - Стручна Служба на ЛП (2000) – Советник на Претседателот,
- ПЗО „Др. Чапароски“ (2005-07) – Директор.
Член е на Либералната партија од 1993, а извршувал повеќе должности:- Еден од основачите на Либералната унија на млади на Македонија (Член на Републичкиот одбор на ЛУМ 1993-97, Член на Извршниот одбор на ЛУМ 1994-97, Претседател на Општинската организација на ЛУМ – Кисела Вода 1994-95, Претседател на Градската организација на ЛУМ – Скопје 1995-97);
- Член на Општинскиот одбор на ЛП – Кисела Вода и Градскиот одбор на ЛП – Скопје (1993-97),
- Претседател на Либералната унија на млади на Македонија (2000-05);
- Член на Републичкиот одбор на ЛП од 1996, Член на Извршниот комитет на ЛП од 1999;
- Генерален секретар на ЛП 2004-08.За Потпретседател на ЛП е избран 2008 година. Во рамките на општествениот ангажман бил на повеќе должности во невладините организации:
- Претседател на Унијата на средношколци на Скопје (1992-93),
- Претседател на Унијата на средношколци на Македонија (1993-95),
- Член на Извршниот одбор на Младинскиот совет на Македонија (1994-96),
- Главен и одговорен уредник на младинскиот весник „Модус“ (1995),
- Програмски реализатор за информирање на Младинскиот совет на Македонија (1996),
- Основач и Претседател е на Центарот за економски, социјални и политички анализи ЦЕСПА – Скопје (од 2006).Во периодот 2001-02 беше Заменик на директорот на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија.Во мандатот 2005-09 беше Член на Советот на Град Скопје, Координатор на Советничката група на ЛП во Советот и Претседател на Комисијата за сообраќај на Советот на Град Скопје (2005-08). Зборува англиски и француски, српски, хрватски и бугарски јазик. Брачен статус: сопруга Емилија, синови Марко и Теодор.


Либерална унија на млади на Македонија.
11.06.2011
..............................................................................................................................на почеток

МИТИНГ ВО ГАЗИ БАБА

Денес во Гази Баба коалицијата ,,За твојата иднина'' одржа митинг.

Либерална унија на млади на Македонија.
28.05.2011
..............................................................................................................................на почеток

МИТИНГ ВО ДРАЧЕВО

Денес во Драчево коалицијата ,,За твојата иднина'' одржа митинг.

Либерална унија на млади на Македонија.
28.05.2011
..............................................................................................................................на почеток

ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Хелсиншкиот Комитет за човекови права во периодот од 18-24 Јуни, 2011 во рамките на проектот „Едукација за човекови права и активно граѓанство на Западен Балкан“,  ќе организира две Школи за човекови права за млади во кои ќе бидат вклучени млади луѓе на возраст од 16-19 год.

Заинтересираните членови на Либералната унија на млади, треба да испратат кратка биографија на Ilievski@lp.org.mk најдоцна до 1 јуни.

Трошоците за сметувањето и превозот се на товар на организаторот.

Со почит,
Либерална унија на млади на Македонија.
28.05.2011
..............................................................................................................................на почеток

АПЕЛ

Ги молиме „љубителите“ на Либералната партија да се обратат за знаме во Седиштето на партијата, наместо да го крадат од јарболот поставен пред нашите простории.
Кафе и локум се загарантирани, а пристапницата може да ја пополнат и електронски, преку lp.org.mk

Со почит,
Либерална унија на млади на Македонија
..............................................................................................................................на почеток

МИТИНГ НА КОАЛИЦИЈАТА ВО СКОПСКАТА ОПШТИНА ЦЕНТАР

- Вистинските либерали и припадници на граѓанскиот центар решија заедно со социјалдемократите, новите социјалдемократи, новите алтернативци... со сите прогресивни сили и партии заедно да ја поведат Македонија напред кон европските интеграции - истакна претседателот Величковски на митингот во скопската општина Центар одржан синоќа
..............................................................................................................................на почеток

 





 
Либерална унија на млади на Македонија ©2011