Одбери Либерализам, одбери слобода.













Правила
Врз основа на член 44 од Статутот на Либералната партија на Македонија, Седмото Генерално собрание на Либералната унија на млади на Македонија на седницата одржана на ден 27 март 2010 ги донесе следните

П Р А В И Л А
за работа на Либералната унија на млади на Македонија
(пречистен текст)

 

I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1
Либералната унија на млади на Македонија (ЛУМ) е подмладок на Либералната партија на Македонија (ЛП).
ЛУМ целосно ги прифаќа Програмата и политичката платформа на ЛП, а самостојно ги спроведува своите цели и задачи утврдени со овие Правила, Програмската декларација и Програмата за работа на ЛУМ.
ЛУМ учествува во работата на ЛП на начин предвиден со Статутот на ЛП и овие Правила.
Либералната унија на млади на Македонија (ЛУМ) е подмладок на Либералната партија на Македонија (ЛП).
ЛУМ целосно ги прифаќа Програмата и политичката платформа на ЛП, а самостојно ги спроведува своите цели и задачи утврдени со овие Правила, Програмската декларација и Програмата за работа на ЛУМ.
ЛУМ учествува во работата на ЛП на начин предвиден со Статутот на ЛП и овие Правила.

Член 2
Името на подмладокот е: ЛИБЕРАЛНА УНИЈА НА МЛАДИ НА МАКЕДОНИЈА.
Скратеното име на подмладокот е: „Либерална унија на млади“.
Кратенката на подмладокот е: „ЛУМ“.
Седиштето на ЛУМ е во Скопје на адреса: Бул. „Васко Карангелевски“ б.б.

Член 3
Официјални симболи на ЛУМ се нејзиниот знак и знаме.
Знакот на ЛУМ е син стилизиран делфин на бела основа, со жолта рамка, а под знакот стои скратеното име на ЛУМ.
Знамето на ЛУМ е во правоаголна форма со сооднос на страните 1:2, со бела основа, а во неговата средина се аплицира знакот на ЛУМ.
ЛУМ има свој печат со кружна форма, во кој со големи букви пишува: “Либерална унија на млади на Македонија – Скопје”, а на средина е аплициран заштитниот знак на ЛУМ.
ЛУМ има свој штембил, во кој во горниот дел, во два реда со големи букви пишува: “Либерална унија на млади на Македонија”, во средината, во два реда стои простор за деловоден број и датум, а во долниот дел пишува: „Скопје“.

Член 4
За работата на седниците на органите на ЛУМ, односно нејзините општински организации се води записник, што го води овластен записничар.
Записникот го потпишуваат записничарот и лицето што претседавало на седницата, а се усвојува на наредната седница на органот.

Член 5
Мандатот на членовите на Генералното собрание, Републичкиот совет, Извршниот совет и Контролниот одбор на ЛУМ, како и на собранието, извршен и надзорен одбор на нејзините општински организации трае 2 години со право на повторен избор.
Мандатот на претседателот, потпретседателите, генералниот секретар и претседателот на Контролниот одбор на ЛУМ, како и на претседателот, потпретседателите, секретарот и претседателот на надзорниот одбор на нејзините општински организации трае 2 години со право на уште еден избор.

Член 6
Органите и телата на ЛУМ, односно нејзините општински организации можат да работат и полноправно да одлучуваат доколку на седницата се присутни повеќе од 1/2 од вкупниот број членови.
Органите и телата на ЛУМ, односно нејзините општински организации одлучуваат со мнозинство гласови од присутните членови, освен доколку со овие Правила не е предвиден друг вид мнозинство.
Органите и телата на ЛУМ, односно нејзините општински организации донесуваат одлуки врз основа на расправа и по правило со јавно гласање, освен доколку со овие Правила или деловниците за нивната работа не е предвидено тајно гласање
.
II. ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ЛУМ

Член 7
ЛУМ ги има следните цели и задачи:

  • Афирмација на принципите на либерализмот меѓу младите во државата;
  • Креирање на младинската политика во земјата;
  • Формирање млади либерални кадри способни за учество во политичкиот процес во ЛУМ и ЛП и за учество на избори и во процесот на управување;
  • Развој на Република Македонија како модерна, демократска и хумана држава во која владее правото;
  • Развивање на политичката култура кај младите во Република Македонија;
  • Поттик на младите за учество во политичкиот процес и на изборите на сите нивоа;
  • Спречување на сите форми на дискриминација на поединецот;
  • Духовна и интелектуална надградба на младиот човек;
  • Современ образовен систем адаптиран на дваесет и првиот век;
  • Унапредување на граѓанското општество;
  • Поттик на претприемничкиот и конкурентниот дух кај младите;
  • Вклопување на Република Македонија во европските стопански текови;
  • Постоење на функционална берза на труд, пари и стоки;
  • Меѓународна соработка заснована на принципите на либерализмот;
  • Обезбедување на здрава и чиста животна средина и здрава храна, и
  • Развој на превенцијата од болести, повреди и унапредување на животните услови на лицата со хедикеп.
Член 8
ЛУМ ги остварува целите и задачите преку индивидуално и колективно дејствување на членовите во органите и телата на ЛУМ и на ЛП, претставниците на ЛП во законодавната и извршната власт во Република Македонија и соработка со соодветни младински организации и структури од земјата и странство.

III. ЧЛЕНУВАЊЕ ВО ЛУМ

Член 9
Член на ЛУМ може да биде секој граѓанин на Република Македонија кој е на возраст помеѓу 16 и 32 години и ги прифаќа Програмската декларација и Правилата за работа на ЛУМ.
Член на ЛУМ се станува со потпишување Изјава за зачленување во ЛУМ за лицата кои немаат навршено 18 годишна возраст или пристапница кон ЛП, за полнолетните граѓани и таа се доставува до општинската организација или директно во седиштето на ЛУМ.
Евиденцијата на членството се води во седиштето на ЛУМ и во секоја општинска организација на ЛУМ одделно, а се регулира со Правилник што го донесува Извршниот совет.

Член 10
Членот на ЛУМ има право:
  • Да учествува во утврдувањето и остварувањето на целите, задачите и документите на ЛУМ, преку иницирање, подготовка и спроведување активности за нивно остварување;
  • Да бира и да биде биран во телата и органите на ЛУМ;
  • Редовно да биде информиран за активностите на ЛУМ на сите нивоа;
  • Да има и поинаков став од мнозинството во ЛУМ и да се залага за негова афирмација во органите на ЛУМ, при што крајниот став на мнозинството е задолжителен;
Членот на ЛУМ е должен:
1) За својата работа да одговара пред органите на ЛУМ и
  • Да плаќа членарина, согласно актите на органите на ЛУМ.
Членот на ЛУМ остварува и други права и должности што произлегуваат од овие Правила или Статутот на ЛП.

Член 11
Престанок на членувањето во ЛУМ може да настане врз основа на:
  • Надминување на старосната граница утврдена во член 9, став 1 од Правилата;
  • Писмена изјава за истапување на членот;
  • Пристапување во друга партија или нејзин подмладок, или
  • Непочитување и активности спротивни на Програмската декларација или Правилата на ЛУМ, а доколку за тоа одлука донесе орган на општинската организација на ЛУМ.
Член 12
Престанокот на членувањето во ЛУМ по основа на членот 11, алинеи 1), 2) и 3) го констатира извршниот одбор.
Предлог за престанок на членувањето во ЛУМ по основа на член 11, алинеја 4) може да поднесе член на ЛУМ или орган на општинската организација, а извршниот одбор одлучува по предлогот со мнозинство гласови од вкупниот број членови.
По одлуката од ставот 2 може да биде поднесена жалба во рок од 7 дена од нејзиното донесување, а по неа одлучува надзорниот одбор на неговата наредна седница.
По одлуката на надзорниот одбор може да се поднесе жалба во рок од 7 дена, а Извршниот совет на ЛУМ одлучува по жалбата на неговата прва наредна седница.
Одлуката на Извршниот совет е конечна.

Член 13
Членот на орган на ЛУМ или нејзина општинска организација кому членството во ЛУМ му престанува врз основа на член 11, алинеја 1) должноста ќе ја извршува до истекот на мандатот.
Доколку лицето на кое членувањето во ЛУМ му престанува согласно член 11, алинеи 2), 3) или 4) е (член на) орган на општинска организација или на ЛУМ, должноста му престанува во моментот на завршување на постапката од членот 12, став 2.

IV. ОПШТИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ НА ЛУМ

Член 14
Основен облик на територијално организирање на ЛУМ е општинската организација и таа ги остварува целите и задачите на ЛУМ на подрачјето на својата општина.
Општинска организација се формира со одлука на Републичкиот совет, на основачко собрание свикано по барање на иницијативен одбор или со одлука на Републичкиот совет.

Член 15
Органи на општинската организација се Собранието, Извршниот одбор, претседателот и Надзорниот одбор.
Сите документи што ги донесуваат органите на општинските организации мора да бидат во согласност со овие Правила и Статутот на ЛП.

Член 16
Собранието го сочинуваат сите членови на ЛУМ од подрачјето на општината, доколку бројот на членови не е повеќе од 100 членови.
Членовите на Собранието на општинската организација која брои повеќе од 100 членови се избираат во согласност со постапка за избор на членови на Собранието од месните клубови.

Член 17
Собранието одржува седница најмалку еднаш во годината.
Собранието одржува седница согласно рокот од ставот 1, по одлука на Извршниот одбор или на претседателот на општинската организација, како и по барање на Надзорниот одбор, Извршниот совет или Општинскиот одбор на ЛП.

Член 18
Собранието:
  • Ги разгледува основните прашања, документи и дејности на општинската организација;
  • Избира претседател, Извршен одбор и Надзорен одбор од редот на своите членови;
  • Донесува Програма за работа на општинската организација;
  • Усвојува Извештај за работа на општинската организација;
  • Усвојува Извештај на Надзорниот одбор;
  • Донесува Деловник за работа од своја надлежност, и
  • Остварува и други права и должности што ќе му ги доверат органите на ЛУМ или  произлегуваат од програмските активности и овие Правила.
Член 19
Собранието се свикува со писмена покана, најмалку 7 дена пред датумот на неговото одржување.
Собранието го свикува претседателот на општинската организација, а во случај на негова спреченост или отсуство, Собранието го свикува потпретседател на општинската организација по негово овластување или лице овластено од извршниот одбор.
Седницата на Собранието ја отвара и до изборот на Работно претседателство со неа раководи претседателот на општинската организација или лице овластено за таа намена од Извршниот совет.

Член 20
Извршниот одбор е највисок оперативен и политички орган на општинската организација помеѓу две нејзини собранија.
Извршниот одбор, вклучително претседателот на општинската организација, брои:
  • од 5 до 11 членови, доколку општинската организација брои до 100 членови или
  • од 11 до 21 член, доколку општинската организација брои над 100 членови.
Член 21
Извршниот одбор:
  •   Предлага ставови и заклучоци до Собранието;
  •   Утврдува предлози на документите што ги донесува Собранието;
  •   Ја координира работата на членовите на ЛУМ во општината за време на избори и донесува Извештај за својата работа за време на изборната кампања;
  •   Ги спроведува одлуките и заклучоците на Собранието и на органите и телата на ЛУМ;
  •   Избира потпретседатели и секретар на Извршниот одбор;
  •   Избира делегати на Генералното собрание од општинската организација (делегати);
  •   Ги спроведува програмските активности на ЛУМ во општината;
  •   Формира постојани и повремени работни тела;
  •   Одлучува за промени во својот состав до 20% од вкупниот број на неговите членови;
  •   Донесува Деловник за својата работа, и
  •   Остварува и други права и должности што произлегуваат од програмските активности на ЛУМ или овие Правила, а не се во надлежност на друг орган на општинската организација.
Член 22
Извршниот одбор одржува седници по потреба, а најмалку еднаш месечно.
Седниците на Извршниот одбор ги свикува и со нив претседава претседателот на општинската организација, а во случај на негова спреченост или отсутност, по претходно негово овластување, седниците на Извршниот одбор ги свикува и со нив претседава еден од потпретседателите на општинската организација.
Седниците на Извршниот одбор се свикуваат со писмена покана, доколку за тоа постојат технички услови, најмалку 5 дена пред денот на одржувањето на седницата.

Член 23
Во случај кога Извршниот одбор, во рамките на своите активности не се придржува кон Програмата и овие Правилата, истиот може да биде распуштен од страна на Републичкиот совет, за што се известува и претседателот на општинската организација на ЛП во општината.
По распуштањето на Извршниот одбор, генералниот секретар свикува вонредно собрание.

Член 24
Должноста на (членот на) извршниот одбор може да му престане по негово барање или доколку поради неактивност или несоодветно вршење на доверените права и должности биде разрешен пред истекот на мандатот.
Предлог за разрешување член на извршниот одбор може да поднесат претседателот на општинската организација, месниот клуб на подрачјето каде живее членот, најмалку 1/3 од членовите на извршниот одбор или надзорниот одбор.
Предлог за разрешување на извршниот одбор во целост може да поднесат претседателот на општинската организација, најмалку 1/3 од постоечките месни клубови или надзорниот одбор.
Генералното собрание одлучува по предлогот од ставот 3 во рок од 1 месец од неговото поднесување.

Член 25
Собранието избира претседател на општинската организација од редот на своите членови, врз основа на Програма за работа на општинската организација и тој е претседател на Извршниот одбор.
Претседателот на општинската организација:
  • Предлага членови на Извршниот одбор, потпретседател(и) и секретар на општинската организација;
  • Предлага Програма за работа на општинската организација;
  • Ја претставува општинската организација;
  • Се грижи за спроведувањето на документите што ги донесуваат органите на (општинската организација на) ЛУМ, и
  • Остварува и други права, должности и одговорности што ќе му ги довери Собранието, Извршниот одбор, орган на ЛУМ или произлегуваат од овие Правила и Статутот на ЛП.
Член 26
Должноста на претседателот може да му престане по негово барање или доколку поради неактивност или несоодветно вршење на доверените права и должности биде разрешен од страна на Собранието пред истекот на мандатот.
Предлог за разрешување на претседателот може да поднесат најмалку 1/3 од членовите на Собранието, Извршниот одбор, Надзорниот одбор или орган на ЛУМ.
Собранието го разгледува предлогот за разрешување на претседателот на општинската организација во рок од 1 месец од денот на неговото поднесување
.
Член 27
Извршниот одбор избира најмногу двајца потпретседател(и) на општинската организација од редот на своите членови и тие се потпретседатели на Извршниот одбор.
Потпретседателот на општинската организација:
    • Во случај на спреченост или отсуство на претседателот, а по негово овластување, ги свикува и претседава со седниците на Извршниот одбор;
    • Во случај на спреченост или отсуство на претседателот, а по негово овластување или по одлука на Извршниот одбор свикува Собрание;
    • Во случај на спреченост или отсуство на претседателот, а по негово овластување ја претставува општинската организација на ЛУМ, и
    • Остварува и други права, должности и одговорности што ќе му ги довери орган на општинската организација, орган на ЛУМ или произлегуваат од овие Правила и Статутот на ЛП.
Член 28
Должноста на потпретседателот може да му престане по негово барање или доколку поради неактивност или несоодветно вршење на доверените права и должности биде разрешен од страна на Извршниот одбор пред истекот на мандатот.
Предлог за разрешување на потпретседателот може да поднесат најмалку 1/3 од членовите на Извршниот одбор, претседателот на општинската организација или Надзорниот одбор, а Извршниот одбор одлучува по предлогот на неговата наредна седница.

Член 29
Извршниот одбор избира секретар на општинската организација од редот на своите членови и тој е секретар на Извршниот одбор.
Секретарот:
      •   Во договор со претседателот и потпретседателите ги подготвува седниците на Собранието и Извршниот одбор;
      •   Ја координира работата на органите и телата на општинската организација, согласно актите и насоките на Извршниот одбор и претседателот на општинската организација;
      •   Се грижи за спроведувањето на актите што ги донесуваат Собранието, Извршниот одбор и претседателот на општинската организација, и
      •   Остварува и други права, должности и одговорности што ќе му ги довери орган на општинската организација, орган на ЛУМ или произлегуваат од овие Правила и Статутот на ЛП.
Член 30
Должноста на секретарот може да му престане по негово барање или доколку поради неактивност или несоодветно вршење на доверените права и должности биде разрешен од страна на Извршниот одбор пред истекот на мандатот.
Предлог за разрешување на секретарот може да поднесат најмалку 1/3 од членовите на Извршниот одбор, Надзорниот одбор или претседателот на општинската организација, а Извршниот одбор одлучува по предлогот на неговата наредна седница.

Член 31
Собранието избира Надзорен одбор од редот на своите членови.
Надзорниот одбор брои 3 членови.
Член на Надзорниот одбор не може да биде член на Извршниот одбор.

Член 32
Надзорниот одбор:
  • Се грижи за согласноста на актите на општинската организација со овие Правила;
  • Избира претседател на Надзорниот одбор од редот на своите членови;
  • Присуствува на седниците на Извршниот одбор;
  • Го контролира спроведувањето на актите на органите на општинската организација и на ЛУМ, и
  • Остварува и други права, должности и одговорности што ќе му ги довери Собранието или произлегуваат од овие Правила.
Надзорниот одбор одлучува со мнозинство гласови од вкупниот број членови.

Член 33
Надзорниот одбор одржува седници по потреба, а најмалку на 3 месеци.
Седниците на Надзорниот одбор ги свикува претседателот на Надзорниот одбор, а во случај на негова спреченост или отсутност, по претходно овластување од претседателот, седниците на Надзорниот одбор ги свикува еден од неговите членови.
Седниците на Надзорниот одбор се свикуваат со писмена покана, доколку за тоа постојат технички услови, најмалку 5 дена пред денот на одржувањето на седницата.
Конститутивната седница на Надзорниот одбор ја свикува претседателот на општинската организација.

Член 34
Должноста на (член на) Надзорниот одбор може да му престане по негово барање или доколку поради неактивност или несоодветно вршење на доверените права и должности биде разрешен од страна на Собранието пред истекот на неговиот мандат.
Предлог за разрешување на (член на) Надзорниот одбор може да поднесат најмалку 1/3 од членовите на Собранието или Извршниот одбор.

Член 35
Претседателот на Надзорниот одбор:
  • Ги свикува и претседава со седниците на Надзорниот одбор;
  • Присуствува на седниците на Извршниот одбор;
  • Ги потпишува документите што ги донесува Надзорниот одбор, и
  • Остварува и други права и должности што ќе му ги довери орган на општинската организација, орган на ЛУМ или произлегуваат од овие Правила.
Член 36
Должноста на претседателот на Надзорниот одбор може да му престане по негово барање или доколку поради неактивност или несоодветно вршење на доверените права и должности биде разрешен од страна на Надзорниот одбор пред истекот на мандатот.
Предлог за разрешување на претседателот на Надзорниот одбор може да поднесе член на Надзорниот одбор или Извршниот одбор.

Член 37
Општинската организација може да формира и месни клубови.
Месните клубови се составени од сите членови на ЛУМ на подрачјето една месна заедница, населба или изборно место, согласно одлука на извршниот одбор.
Месните клубови избираат свој претседател и секретар.

Член 38
Месните клубови:
  • Ги операционализираат активностите на општинската организација на подрачјето на нивното дејствување;
  • Предлагаат членови на собранието на општинската организација;
  • Предлагаат активности на ниво на општинска организација;
  • Учествуваат во активностите на месните организации на ЛП и
  • Остваруваат и други права, должности и одговорности што ќе им ги доверат извршниот одбор, претседателот на општинската организација или месните одбори на ЛП на подрачјето на нивното дејствување.
Член 39
На ниво на Град Скопје Извршниот совет може да формира Градска координација на ЛУМ - Скопје (Градска координација), која ги координира активностите на општинските организации на подрачјето на Градот Скопје.
Градската координација е составена од претседателите и секретарите на општинските организации на ЛУМ на подрачјето на Градот Скопје, а со нејзината работа раководи еден од потпретседателите на ЛУМ овластен од Извршниот совет.

V. ОРГАНИ НА ЛУМ 

Член 40
Генералното собрание е највисок политички орган на ЛУМ.
Генералното собрание го сочинуваат делегатите од општинските организации, претседателите на општинските организации и членовите на Републичкиот совет и Контролниот одбор.

Член 41
Извршниот одбор избира по 3 делегати на Генералното собрание.
На секои 50 членови извршниот одбор избира уште 1 делегат од општинската организација.

Член 42
Генералното собрание се одржува по потреба, а најмалку еднаш во годината.
Генералното собрание може да се одржи и во рок пократок од рокот од ставот 1 по одлука на Републичкиот совет или на претседателот на ЛУМ, како и по барање на Контролниот одбор, на најмалку 5 извршни одбори или по барање на Републичкиот одбор на ЛП.

Член 43
Генералното собрание:
  • Донесува Програмска декларација на ЛУМ и врши нејзини измени и дополнувања;
  • Донесува Правила за работа на ЛУМ и врши измени и дополнувања на Правилата;
  • Усвојува Извештај за работа на ЛУМ помеѓу две седници на Генералното собрание;
  • Усвојува Извештај на Контролниот одбор на ЛУМ;
  • Избира претседател на ЛУМ, врз основа на програма за работа;
  • Донесува Програма за работа на ЛУМ;
  • Избира членови на Републичкиот совет;
  • Избира членови на Контролниот одбор;
  • Потврдува одлуки на Републичкиот совет;
  • Одлучува по предлози и барања што се упатени до Генералното собрание;
  • Донесува Деловник за работа од своја надлежност, и
  • Остварува и други права, должности и одговорности што произлегуваат од програмските активности овие Правила или Статутот на ЛП.
Член 44
Генералното собрание се свикува со писмена покана, најмалку 7 дена пред денот на неговото одржување.
Генералното собрание го свикува претседателот на ЛУМ, а во случај на негова спреченост или отсуство, по негово овластување или овластување од на Републичкиот совет, Генералното собрание го свикува еден од потпретседателите на ЛУМ.

Член 45
Генералното собрание го отвара и до изборот на Работното претседателство со него раководи претседателот на ЛУМ или лице овластено од Републичкиот совет.

Член 46
Должноста на делегатот може да му престане по негово барање или доколку поради неактивност или несоодветно вршење на доверените права и должности биде разрешен пред истекот мандатот од страна на извршниот одбор.
Предлог за разрешување на делегат може да поднесат најмалку 1/3 од членовите на извршниот одбор, надзорниот одбор или Контролниот одбор на ЛУМ, најмалку 1 месец пред денот на одржувањето на Генералното собрание.
По одлуката на извршниот одбор може да се поднесе жалба во рок од 3 дена.
Републичкиот совет донесува одлука на првата наредна седница и таа е конечна.

Член 47
Републичкиот совет е највисок политички орган на ЛУМ помеѓу две генерални собранија.
Генералното собрание избира Републички совет од редот на своите членови, по предлог на претседателот на ЛУМ усогласен со општинските организации на ЛУМ.

Член 48
Републичкиот совет брои од 31 до 41 член, вклучително претседателот на ЛУМ.
На седниците на Републичкиот совет присуствуваат и претседателите на општинските организации на ЛУМ, без право на глас.

Член 49
Републичкиот совет одржува седници по потреба, а најмалку еднаш во 3 месеци.
Републичкиот совет одржува седница согласно ставот 1, по предлог на претседателот на ЛУМ или најмалку 1/3 од неговите членови, како и по барање на најмалку 3 извршни одбори, Извршниот совет, Контролниот одбор или Извршниот комитет на ЛП.
Републичкиот совет може да одржи седница и во рок подолг од оној утврден во став 1 од овој член за време на изборна кампања.

Член 50
Републичкиот совет:
  • Се грижи за реализација на програмските активности на ЛУМ;
  • Се грижи за реализација на целите и задачите на ЛУМ;
  • Утврдува предлози на документите што ги донесува Генералното собрание;
  • Утврдува решенија за унапредување на работата на ЛУМ и облиците на територијално организирање на нејзините членови;
  • Ја сумира постапката за утврдување на кандидати за претседател на ЛУМ;
  • Избира членови на Извршниот совет;
  • Избира потпретседатели на ЛУМ;
  • Избира генерален секретар на ЛУМ;
  • Формира постојани и повремени работни тела;
  • Одлучува по барањата што се упатени до Републичкиот совет;
  • Одлучува за промени во својот состав до 20% од вкупниот број на неговите членови;
  • Избира делегати на Конгресот на ЛП, согласно актите на органите и Статутот на ЛП;
  • Одлучува за соработка на ЛУМ со други политички подмладоци и асоцијации на млади од земјата и странство, со кои има сродни програмски цели;
  • Одлучува за воведување членарина и го утврдува нејзиниот износ;
  • Донесува Деловник за работа од своја надлежност, и
  • Остварува и други права и должности што произлегуваат од програмските активности, овие Правила или Статутот на ЛП.
Член 51
Седниците на Републичкиот совет се свикуваат со писмена покана, најмалку 5 дена пред денот на одржувањето на седницата.
Седниците на Републичкиот совет ги свикува претседателот на ЛУМ, а во случај на негова спреченост или отсуство, по негово овластување седницата ја свикува еден од потпретседателите на ЛУМ или лице овластено од Извршниот совет на ЛУМ.

Член 52
Со работата на седниците на Републичкиот совет раководи претседателот на ЛУМ, а по негово овластување и при негова спреченост или отсуство, со работата на седниците на Републичкиот совет раководи еден од потпретседателите на ЛУМ.

Член 53
Должноста на (членот на) Републичкиот совет може да му престане по негово барање или доколку поради неактивност или несоодветно вршење на доверените права и должности биде разрешен пред истекот на мандатот.
Предлог за разрешување член на Републичкиот совет може да поднесат претседателот на ЛУМ, извршниот одбор од општината во која живее членот, најмалку 1/3 од членовите на Републичкиот совет или Контролниот одбор на ЛУМ.
Предлог за разрешување на Републичкиот совет во целост може да поднесат претседателот на ЛУМ, најмалку 5 извршни одбори или Контролниот одбор на ЛУМ.
Генералното собрание одлучува по предлогот од ставот 3 во рок од 1 месец од неговото поднесување.

V.3. ИЗВРШЕН СОВЕТ НА ЛУМ

Член 54
Извршниот совет на ЛУМ е извршно-политички орган на Републичкиот совет.
Републичкиот совет го избира Извршниот совет од редот на своите членови.
Извршниот совет брои од 11 до 21 член, вклучително претседателот, потпретседателите и генералниот секретар на ЛУМ.

Член 55
Изврниот совет одржува седници по потреба, а најмалку еднаш во месецот.
Извршниот совет одржува седници во согласност со став 1 од овој член или по предлог на претседателот на ЛУМ или на најмалку 1/3 од неговите членови, како и по барање на извршен одбор, Контролниот одбор или на претседателот на ЛП.

Член 56
Извршниот совет:
  • Се грижи за реализација на активностите на ЛУМ утврдени со Програмата за работа;
  • Утврдува нацрти на документите што ги донесува Генералното собрание;
  • Утврдува предлози на документите што ги донесува Републичкиот совет;
  • Му предлага ставови и заклучоци на Републичкиот совет;
  • Ги остварува ставовите и заклучоците донесени од органите на ЛУМ и ЛП;
  • Ја води постапката за утврдување на кандидати за претседател на ЛУМ;
  • По потреба формира постојана комисија за меѓународни односи;
  • Формира работни групи на Извршниот совет;
  • Одлучува по барањата упатени до Извршниот совет;
  • Избира претставници во тела на ЛП, согласно одлуките на органите и Статутот на ЛП;
  • Донесува Деловник за работа од своја надлежност, и
  • Остварува и други права и должности што произлегуваат од програмските активности, овие Правила и Статутот на ЛП или му се доверени од орган на ЛУМ или ЛП.
Член 57
Седниците на Извршниот совет се свикуваат со писмена покана, најмалку 2 дена пред денот на одржувањето на седницата.
Седниците на Извршниот совет ги свикува претседателот на ЛУМ, а во случај на негова спреченост или отсуство, по негово овластување седницата ја свикува еден од потпретседателите на ЛУМ.

Член 58
Со работата на седниците на Извршниот совет раководи претседателот или еден од потпретседателите на ЛУМ овластен од него или определен да претседава на самата седница.

Член 59
Должноста на (членот на) Извршниот совет може да му престане по негово барање или доколку поради неактивност или несовесност во извршувањето на доверените права и должности биде разрешен од должноста пред истекот на мандатот.
Предлог за разрешување на (член на) Извршниот совет може да поднесат претседателот на ЛУМ, најмалку 1/3 од членовите на Републичкиот совет или Контролниот одбор на ЛУМ.

V
.4. КОНТРОЛЕН ОДБОР НА ЛУМ

Член 60
Генералното собрание избира Контролен одбор од редот на делегатите и тој е највисок орган за спроведување контрола врз работата на органите и телата на ЛУМ.
Контролниот одбор брои од 3 до 5 членови.
Член на Контролниот одбор не може да биде член на Републичкиот совет.

Член 61
Контролниот одбор:
  • Се грижи за согласноста на актите на органите на ЛУМ со овие Правила и Статутот на ЛП;
  • Избира претседател на Контролниот одбор од редот на своите членови;
  • Го контролира спроведувањето на актите на органите на ЛУМ и на ЛП;
  • Присуствува на седниците на Републичкиот совет;
  • По барање на орган на ЛУМ, ја контролира согласноста на актите на општинските организации со актите на органите на ЛУМ и овие правила, и
  • Остварува и други права, должности и одговорности што ќе му ги довери Генералното собрание или произлегуваат од овие Правила.
Член 62
Контролниот одбор одржува седници по потреба, а најмалку еднаш на 3 месеци.
Седниците на Контролниот одбор ги свикува претседателот на Контролниот одбор, а во случај на негова спреченост или отсутност, по претходно овластување од претседателот, седниците ги свикува еден од неговите членови.
Седниците на Контролниот одбор се свикуваат со писмена покана, најмалку 5 дена пред денот на одржувањето на седницата.
Конститутивната седница на Контролниот одбор ја свикува претседателот на ЛУМ.

Член 63
Контролниот одбор одлуките ги донесува со мнозинство гласови од вкупниот број членови.

Член 64
Контролниот одбор или одделен негов член може да биде разрешен и пред истекот на мандатот поради неактивност или несовесност во извршувањето на доверените права и должности од страна на Генералното собрание.
Предлог за разрешување на (член на) Контролниот одбор може да поднесат најмалку 1/3 од членовите на Републичкиот совет, претседателот на Контролниот одбор или претседателот на ЛУМ.

Член 65
Претседателот на Контролниот одбор:
  • Ги свикува и претседава со седниците на Контролниот одбор;
  • Присуствува на седниците на Извршниот совет;
  • Ги потпишува документите што ги донесува Контролниот одбор, и
  • Остварува и други права, должности и одговорности што ќе му ги довери Генералното собрание, Републичкиот совет или произлегуваат од овие Правила.
Член 66
Должноста на претседателот на Контролниот одбор може да му престане по негово барање или доколку поради неактивност или несоодветно вршење на доверените права и должности биде разрешен од страна на Контролниот одбор пред истекот на мандатот.
Предлог за разрешување на претседателот на Контролниот одбор може да поднесе член на Контролниот одбор или Републичкиот совет.
По разрешувањето на претседателот на Контролниот одбор, тој е должен на истата седница да избере нов претседател на Контролниот одбор.

V.5. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЛУМ

Член 67
Претседателот на ЛУМ е највисок индивидуален извршно-политички орган на ЛУМ и тој е претседател на Републичкиот совет и на Извршниот совет.

Член 68
Генералното собрание избира претседател на ЛУМ од редот на делегатите, со мнозинство гласови од вкупниот број негови членови.
Предлог за кандидат за претседател на ЛУМ до Генералното собрание даваат најмалку 5 извршни одбори, 1/3 од вкупниот број на членови на Републичкиот совет или 10% од вкупниот број делегати.
Доколку ниту еден од предложените кандидати не го добие потребното мнозинство во првиот круг од гласањето, во вториот круг одат двајцата кандидати што освоиле најголем број гласови, а за избран се смета кандидатот што освоил мнозинство на гласови од присутните членови на седницата.
Доколку во вториот круг од гласањето ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство, постапката се повторува, а до изборот на новиот претседател, неговата должност ја извршува актуелниот претседател на ЛУМ.
Повторувањето на постапката за избор на претседател се врши во рок од 2 месеци од денот на одржувањето на Генералното собрание.

Член 69
Претседателот на ЛУМ:
  • Ги потпишува актите што ги донесуваат Генералното собрание, Републичкиот и Извршниот совет на ЛУМ и се грижи за нивното спроведување;
  • Ја спроведува политиката и го насочува спроведувањето на активностите на ЛУМ;
  • Ја води кадровската политика во ЛУМ;
  • Ја претставува и застапува ЛУМ, во согласност со овие Правила;
  • Остварува и други права, должности и одговорности што ќе му ги доверат Генералното собрание, Републичкиот и Извршниот совет или произлегуваат од овие Правила или Статутот на ЛП.
Член 70
Должноста на претседателот на ЛУМ може да му престане по негово барање или доколку поради неактивност или несоодветно вршење на доверените права и должности биде разрешен од страна на Генералното собрание пред истекот на мандатот.
Предлог за разрешување на претседателот може да поднесе Републичкиот совет, по предлог на Извршниот совет или на најмалку 1/3 од вклпниот број членови, Контролниот одбор или најмалку 10 извршни одбори.
Генералното собрание го разгледува предлогот за разрешување на претседателот во рок од 2 месеци од денот на поднесувањето на предлогот, а за усвоен се смета предлогот за кој гласале повеќе од 1/2 од вкупниот број делегати.

VI.5.А. ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ЛУМ

Член 71
Републичкиот совет избира од 2 до 4 потпретседатели од редот на своите членови и тие се потпретседатели на Републичкиот и на Извршниот совет.

Член 72
Потпретседателот на ЛУМ:
  • Се грижи за реализацијата на Програмата на ЛУМ;
  • Се грижи за операционализација на донесените ставови и заклучоци од страна на Генералното собрание, Републичкиот и Извршниот совет на ЛУМ;
  • Му помага на претседателот во извршувањето на неговите должности и
  • Остварува и други права, должности и одговорности што ќе му ги доверат орган на ЛУМ или на ЛП или произлегуваат од овие Правила или Статутот на ЛП.
Член 73
Должноста на потпретседателот може да му престане по негово барање или доколку поради неактивност или несоодветно вршење на доверените права и должности биде разрешен од Републичкиот совет пред истекот на мандатот.
Предлог за разрешување на потпретседателот може да поднесат Извршниот совет, претседателот на ЛУМ, најмалку 1/3 од членовите на Републичкиот совет, Контролниот одбор или најмалку 5 општински организации.

V.5.Б. ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА ЛУМ

Член 74
Републичкиот совет избира генерален секретар од редот на своите членови и тој е генерален секретар на Извршниот совет.

Член 75
Генералниот секретар:
  • Во договор со претседателот, ги подготвува седниците на Генералното собрание, Републичкиот и Извршниот совет;
  • Ја координира работата на органите на ЛУМ;
  • Се грижи за спроведувањето на актите што ги донесуваат органите на ЛУМ;
  • Остварува и други права, должности и одговорности што ќе му ги довери орган на ЛУМ или на ЛП или произлегуваат од овие Правила или Статутот на ЛП.
Член 76
Должноста на генералниот секретар може да му престане по негово барање или доколку поради неактивност или несоодветно вршење на доверените права и должности биде разрешен од Републичкиот совет пред истекот на мандатот.
Предлог за разрешување на генералниот секретар може да поднесат Извршниот совет, претседателот, најмалку 1/3 од членовите на Републичкиот совет, Контролниот одбор или најмалку 5 извршни одбори.

VI. ПРЕТСТАВУВАЊЕ И ЗАСТАПУВАЊЕ НА ЛУМ

Член 77
Претседателот на ЛУМ ја претставува ЛУМ пред субјектите кои се заинтересирани за остварување на целите и задачите на ЛУМ и странските и меѓународните организации, односно нивните претставници, со кои ЛУМ соработува.
При претставувањето на ЛУМ, претседателот нема право да отстапи од целите и задачите на ЛУМ, нејзината Програмска декларација и овие Правила.
При претставувањето на ЛУМ, претседателот нема право во име на ЛУМ да презема правни дејства, освен доколку истото не му е доверено од Републичкиот совет со посебна одлука.
По негово овластување, или во случај на негова спреченост или отсуство и овластување од Извршниот совет, ЛУМ ја претставува еден од потпретседателите на ЛУМ.

Член 78
ЛУМ ја застапува претседателот, со цел остварување на нејзините цели и задачи, во рамките на неговите овластувања.

VII. ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ЈАВНОСТА ЗА РАБОТАТА НА ЛУМ

Член 79
ЛУМ ја известува јавноста за својата работа преку:
  • Достапност на извештаите за својата работа до членовите и заинтересираните лица;
  • Нивно претставување преку средствата за информирање;
  • Издавање билтени, весници и други публикации;
  • Издавање соопштенија за јавноста, конференции за медиумите и јавни настапи на овластени претставници преку средствата за информирање;
  • Други начини за навремено и вистинито известување на јавноста за работата на ЛУМ.
VIII. ПРЕСТАНУВАЊЕ СО РАБОТА НА ЛУМ

Член 80
ЛУМ може да престане со работа поради престанок на постоењето на ЛП или укинување на соодветните одредби во Статутот на ЛП.
IX. ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ПРАВИЛАТА ЗА РАБОТА НА ЛУМ

Член 81
Иницијатива за измени и дополнувања на овие Правила може да покренат: извршен одбор, најмалку 10 делегати, 1/3 од членовите на Републичкиот совет, претседателот на ЛУМ или Извршниот совет.
Иницијативата и нејзиното образложение се поднесува до Републичкиот совет.
По нејзиниот прием, Извршниот совет ја разгледува иницијативата на неговата прва наредна седница и поднесува предлог на заклучок до Републичкиот совет.
Во случај на прифаќање на иницијативата, Републичкиот совет утврдува предлог на Одлуката за измени и дополнувања на Правилата и ја упатува до Генералното собрание.

Член 82
За неприфатените иницијативи, Републичкиот совет ги известува нивните подносители, кои имаат право да му се обратат на Генералното собрание со барање за расправа и донесување одлука за измени и дополнувања на Правилата.

Член 83
Правилата, како и измените и дополнувањата се донесуваат со 2/3 мнозинство од вкупниот број делегати.

X. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 84
Толкување на одредбите на овие Правила дава Републичкиот совет на неговите седници.

Член 85
Со донесувањето на овие Правила престануваат да важат Правилата за работа на ЛУМ донесени од Петтото Генерално собрание на ЛУМ одржано на 13 мај 2000.

Член 86
Овие Правила се применуваат со нивното донесување, а стапуваат во сила со нивната верификација согласно член --, алинеја – од Статутот на ЛП.

СЕДМО ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА
ЛИБЕРАЛНАТА УНИЈА НА МЛАДИ НА МАКЕДОНИЈА
Претседател на Работното претседателство,

 




 





 
Либерална унија на млади на Македонија ©2011