|
 |
Одбери Либерализам, одбери слобода.
|
|



|
Платформа |
ПРОГРАМСКА ПЛАТФОРМА
НА ЛИБЕРАЛНАТА УНИЈА НА МЛАДИ НА МАКЕДОНИЈА 2010 – 2012
Младите се иднината на државата, но тие се пред се сегашност и реалност. Младината во Македонија заслужува подобар живот, услови за школување, работа и активно вклучување во општествениот живот. Затоа, Младите Либерали бараат еднаквост на шансите, отсуство на дискриминација и индивидуалност. ЛUM верува vo мултикултурниот карактер на Република Македонија и се залага за јакнењето на истиот.
Затоа, најостро осудуваме и се спротивставуваме на секаков вид национална, религиска, сексуална, полова и јазична дискриминација. Jа поддржуваme еднаквоста: пред законите, во економските можности, меѓу редовите и рамноправното учество во сите економски, политички и општествени прашања.
Младинската политика за нас е составен дел од политиката на Либералната партија, а оваа Платформа е основата на нашата и партиската политика кон младите во РМ. Се вклучуваме решавањето на правата и проблемите кои ги засегаат младитe, затоа што имаме иницијатива и знаеме што ни е најпотребно.
Затоа, ги посочуваме основните правци на дејствување на ЛUM со кои им се спротивставуваме на денешните проблеми пред нас, младите во РМ.
- Намалување на невработеноста низ политиките на ЛП. Доста е лажно форсирање на младите да вложуваат во своето образование и надградба додека нема, а од друга страна да не можат да најдат работа.
- Обезбедување подобри можности и услови при самовработувањето особено во секторот на малите и средните претпријатија.
- Предвидување на даночни олеснувања, стимуланси и други мерки кои ќе им олеснат на младите луѓе да започнат свој мал бизнис, а со тоа да обезбедат и самовработување.
- Постојано обезбедување на програми, семинари, курсеви за доусовршување, стекнување нови вештини и знаења кои ќе им бидат предност при барањето работа.
- Образованието е дефинитивно област на која треба да се поработи во Македонија. Dржавните универзитети, работат по застарени системи, а одредени новини кои се обидуваат да ги имплементираат не функционираат што создава дополнителен проблем на студентите. Затоа е потребно модерно реформирано образование кое е достапно за квалитетните.
- Rамноправен пристап до образовните институции; намалување на партиципацијата, државна помош за студентите чии што семејства се социјални случаи, podobruvawe na uslovite vo studentskite domovi, обезбедување на државни стипендии за студирање на европските и другите светски универзитети. Aktivno u~estvo во борбата против митото и корупцијата na Univerzitetite.
- Воведување реформи во Агенцијата за млади и спорт кои ќе овозможат нејзино прераснување во отворена институција – партнер и сервис на младинските организации. Поттикнувањето на младите да се активираат во различни организации ќе резултира со нивно активно учество во донесувањето одлуки и решавањето на прашањата и проблемите кои се од нивен интерес.
- Поголемо учество на младите во невладините организации каде што ќе можат да се стекнат со дополнителни вештини и знаења во делот на тимската работа, организациските способности и комуникацијата.
- Кампањи, трибини, семинари и обуки кои се однесуваат на културата, уметноста и спортот во насока на поттикнување на младите за активно учество во овие области и искажување на креативноста, ставовите и гледиштата за општествените процеси.
- Уметноста, културата и спортот мора да бидат одделени и изолирани од политиката и влијанието на политичките партии.
СЕДМО ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА ЛУМ
Работно претседателство
|
|
|
|
|
Либерална унија на млади на Македонија ©2011 |
| |
|