Одбери Либерализам, одбери слобода.













Либерализам

Либерализмот е идеологија, философско мислење и политичка традиција која држи дека слободата е од основна политичка вредност. Во времето на феудализмот, либерализмот претставувал буржоаскополитички и идеолошки правец што се борел за политичка слобода, за слобода на мислење и дејствување. Тоа е движење како оцновни вредности на општествено-политичкото и економското уредување ги истакнува идеите за граѓанско општество на верска толеранција, индивидуална слобода на мислење и јавно искажување, право на сопственост и слободен натпревар во економските активности, самостојност на законодавната и судската власт во однос на извршната.

Либералните основни на поединецот му доделуваат право на забрана на државните мешања во неговата приватна сфера на слобода.

Правата на услуги и основните социјални права се исто така субјективно право и произлегуваат од развојот на либералната правна држава во социјална и превентивна држава. Тие до граѓанството го приближуваат правото за учество во економскиот и социјален напредок (на пример правото на работа и праведна заработувачка, право на јавна заштита во итни случаи, право на живеалиште).

Основните права денес се поместени во многу државни и меѓународни документи како позитивно право. (...) На меѓународен план важи “Универзалната декларазција на човековите права” на Обединетите нации од 1948 год. како и (европската) “Конвенција за заштита на човековите права и основните слободи” од 1950 год. Гаранцијата на основните права во овие документи не вели ништо за нејзиното фактичко остварување во меѓународни рамки. Постојано се покажувало дека меѓународното право не познава никакви делотворни санкции против повредите на човековите права.

Историја
Првите пристапи на англискиот и европскиот либерализам се создадени во расправата меѓу Едмунд Бурк и неговиот ривал од партијата Чарлс Џејмс Фокс. Додека Бурк се повикувал на традиции и со тоа го образложувал конзервативизмот, кај другиот станувало збор за слободата на поединецот од реакции на државата и секаков вид на репресија. Либерализмот, долгорочно гледано, успеал да помине, меѓу другото и затоа што Бурк бил тотално слеп за еконосмки прашања. Основач на политичкиот либерализам, меѓу другите, биле Џејмс Мил, таткото Џон Стјуарт Мил и Џереми Бентам. Но, дури Џон Стјуарт Мил го дал клучниот придонес во либерализмот.
Џон Стјуарт Мил поаѓа од тоа дека човекот се разликува од другите живи суштества по својата способноста да резонира рационално и да одлучува за средства и цели во своето делување. Преку нагласувањето на човекот како спонтано и творечко суштество Мил го претставува индивидуализмот како идеал кон кој се стреми човекот. За да се достигне таа идеална состојба мора да се обезбеди слобода: слободата за искажување и преиспитување на  мислењата и желбите. Цел на подобрувањето на поединецот е подобрување на општеството, зашто колку е повисок степенот на индивидуалност кај поединците толку е повисок и степенот на цивилизираност на општеството и со тоа “најголема среќа за најголем број”. Притоа човековата среќа не е насочена кон сопствената среќа, туку кон среќата на другиот и со тоа на човештвото. Бидејќи овој морал (сеуште) не е универзален, преку воспитување и закони треба да се стигне до состојба во која владее слобода и во која масата се води од доблести. Со зголемување на доблестите општеството се подобрува с? повеќе додека еден ден нема повеќе да биде потребно водење. Посебниот интерес на Мил е во прашањето како изгледа една таква привремена, релативно најсобра држава.

Либералот секогаш е во потрага по најдобрата форма на владеење која би му дозволила на индивидуалецот да живее како што самиот смета дека е етички добро.

 




 





 
Либерална унија на млади на Македонија ©2011